Детали за земјотресот кој ја погоди Македонија

 


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 13.12.2024 година во 01 часот и 36 минути, регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа на 47 km југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со Рихтерова локална магнитуда МL2.3.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

13.12.2024 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега