Инспектори ќе влезат во детска клиника: Обдукцијата треба да открие зошто почина седуммесечно бебе
Од Министерството за здравство попладнево информираат дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно надлежностите, ќе изврши вонреден инспекциски надзор во врска со случајот со починатото седуммесечно бебе на Детската клиника во Скопје.
„Во врска со случајот со починатото седуммесечно бебе, донесено синоќа на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека било примено под сомнение за сериозен синдром со прогресивен тек, што предизвикал оштетување на повеќе органи, за жал состојбата на бебето се влошила и покрај максималните напори на медицинскиот персонал, по што настапило рапидно влошување на состојбата. Се очекува да биде извршена обдукција, по што ќе бидат точно утврдени причините за смртта“, појаснуваат од Министерството преку соопштение до јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа