Раст на синдикалната кошница: За да се преживее месецот потребни се речиси 63.000 денари

 

62.861 денар му се потребни на едно четиричлено семејство за да го помине месецот. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ја објави минималната синдикална кошница во која се бележи раст од 840 денари споредено со ноември.

Најголем дел од парите, едно семејство ги троши на храна, дури 36,7% од буџетот, или 23.075 денари.

Од ССМ велат дека мерката за есенска кошница дала резултат.

-Забележително е дека од месец септември кога беше воведена првата мерка од страна на Владата за ограничувањето на маржите и со последната мерка односно акција за намалување на цените за најмалку 10%, истите даваат резултат, делот на храната и пијалоци во Синдикалната минимална кошница кој за декември изнесува 23.075,00 денари спореден со септрември 2024 година (23.034,00 денари) е зголемен за 41,00 денари, со што се потврдува дека мерки се потребни почесто имајќи во предвид дека од страна на трговците се злоупотребува секоја прилика за истите да се богатат на грбот на граѓаните и работниците, велат од ССМ.

23.12.2024 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега