Авион принудно слета во Грац - неколкумина повредени

 

Авион на швајцарската авиокомпанија Свис, на лет меѓу Цирих и Букурешт, морал денеска принудно да слета во Грац, Австрија поради чад во кабината и во пилотската кабина, соопшти авиокомпанијата.

„Длабоко сме загрижени за здравјето на член на кабинскиот екипаж, кој со хеликоптер беше пренесен во болница во Грац, чија состојба се уште е неизвесна. Останатите четворица членови на екипажот исто така се под медицински надзор“, се вели во соопштението.

Се додава дека аеродромот во Грац (Југоисток) се уште е затворен, а Ербас А220-300 сѐ уште е на пистата.

Летачкиот екипаж одлучил итно да слета во Грац и да го евакуира авионот „по проблеми со моторот и откривање чад во кабината и во пилотската каб

„Во авионот имало 74 патници и 5 членови на екипажот. Авионот слетал безбедно и сите патници се евакуирани“, соопшти компанијата.

Десет патници побарале лекарска помош.

„Во контакт сме со локалните власти и работиме на утврдување на причината за принудното слетување, како и на планирање на следните чекори“, посочуваат Свис, филијала на германска Луфтханза.

 

24.12.2024 - 07:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега