Мицкоски: Кај мене со трикови не може - жестоко ќе одговориме

 

Премиерот Мицкоски денеска им порача на големите ланци на супермаркети да се преиспитаат откако констатирал дека се обидуваат да го изиграат договореното во рамки на Новогодишната кошничка. Рече дека уште денеска на владина седница ќе побара интензивни контроли од страна на инспекциите.

„Трикови не може. Тоа нема оваа влада да толерира и жестоко има да се справиме со овие коишто мислат дека не надмудриле. Нема такви коишто мислат дека со трикови ќе не ќе не надмудрат. Ја апелирам до големите трговски ланци да си го преиспитаат однесувањето.“ – рече Мицкоски.

24.12.2024 - 12:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега