Бил Клинтон пуштен од болница
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е отпуштен од болница во Вашингтон откако се лекувал од грип, изјави денеска заменик шефот на неговиот кабинет.
Клинтон и неговото семејство „се длабоко благодарни за исклучителната грижа што ја пружи тимот на Универзитетската болница Медстар Џорџтаун и се трогнати од љубезните пораки и добрите желби што ги доби“, објави Ангел Урења на X.
– Тој ги испраќа своите најтопли желби за среќни и здрави празници до сите, додаде Урења.
Демократот Клинтон беше 42-ри претседател на САД од 1993 до 2001 година.
Вториот претседателски мандат беше во сенка на сексуалниот скандал со Моника Левински, за кој Клинтон се соочи со постапка за импичмент. Тој на крајот беше ослободен во Сенатот.
Неговата сопруга Хилари Клинтон, која беше сенаторка и државна секретарка, се кандидираше за претседателка во 2016 година, но загуби од републиканецот Доналд Трамп
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа