МВР вработува: Се бараат 600 нови полицајци
Министерството за внатрешни работи преку оглас бара 600 нови полициски службеници. Под мотото „Биди полицаец, биди хуман“ Министерството бара луѓе кои имаат квалитети за да бидат дел од полицијата.
-Биди полицаец. Биди хуман. Создај ред. Чувај ги граѓаните. Поседуваш храброст, солидарност и чесност. Висок морал, интегритет и дисциплина. Ако тоа се твоите човечки квалитети тогаш полицијата е вистинскиот избор за тебе. Улогата на полицијата е клучна во едно општество бидејќи таа е гарант на безбедноста, сигурноста и владеење на законот што се основа за напредок и економски просперитет на државата и сите граѓани во неа. Полицијата работи на спречување, откривање и санкционирање на сите видови криминал. Затоа биди меѓу најдобрите, биди секогаш прв, биди полицаец. Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на униформирани и сообраќајни полициски службеници, гранична полиција и специјални полициски единици. Да се биде полицаец е повик а не обична професија. Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец.Успехот секогаш зависи само од тебе. Оствари го својот сон. Биди заштитник на семејството, најблиските, граѓаните и татковината. Биди борец против криминалот и чувар на редот. Биди дел од македонската полиција! Биди полицаец, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа