Прв случај на мајмунски сипаници во Косово: Заразен 30-годишен маж

 


Во Косово е забележан првиот случај на „Mpox”“, болест која уште се нарекува и „мајмунска сипаница“, јавуваат тамошните медиуми.

Институт за јавно здравје, од Косово соопшти дека Лабораторијата за микробиологија преку ПЦР тест утврдила дека 30-годишен маж е заразен со овој вирус и веднаш бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Приштина.

Како што пренесува порталот Телеграфи.ком, овој човек неодамна престојувал во Африка, а има треска, промени на кожата на лицето и рацете и чешање.

Пациентот е во стабилна состојба, а се проверуваат сите контакти што ги имал како и членовите на неговото семејство, според написите.

27.12.2024 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега