Статистика: Во октомври просечната нето-плата 21.247 денари

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во месец октомври годинава изнесувала 21.247 денари. Со тоа, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2013 година, во однос на истиот месец лани е зголемена за 1,1 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 7,2 отсто, Рударство и вадење на камен 5 и Градежништво 3,3 отсто.

Порастот се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво 7,1 отсто, Транспорт и складирање 5,8 и Рударство и вадење на камен 4,9 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 7 отсто, Рударство и вадење на камен 5,7 и Градежништво 2,6 отсто.

Во текот на месец октомври, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

27.12.2013 - 13:06
Фото: 
Алфа.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега