Во вторниците бесплатен градски превоз за пензионерите од Велес

Пензионерите од Велес секој вторник бесплатно ќе се возат во градот, со градскиот превозник „Пан-Промет“. Возилата редовно секој вторник од 08 и 09 часот ќе поаѓаат од приградската населба Превалец и ќе се движат по градските автобуски постројки се до градскиот пазар во Велес.

Ова денеска го договорија градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев и Љубомир Ѓорѓиев, претседател на Здружението на пензионери од Велес.

Портпаролот на Општина Велес Мартин Мајсторов, оваа општина е една од ретките во Македонија што има стратегија за стари лица.

 

27.12.2013 - 14:14
Фото: 
охридњуз

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега