Приведен сопственикот на хотелот во кој избувна пожар во Турција

 


Министерот за правда Јилмаз Тунч на социјалните мрежи објави дека државното обвинителство во Болу започна сеопфатна и темелна кривична истрага за пожарот во хотелот во Карталкаја, во кој животот го загубија 66 лица, а 51 лице беа повредени.

„Во рамки на истрагата, предводена од шест државни обвинители, уапсени се четири лица, меѓу кои и сопственикот на зградата. Стручен тим од пет вештаци ја продолжува истрагата за утврдување на причините за пожарот, а се работи и на утврдување на можната одговорност“, рече Тунч.

Тој додаде дека секој чекор од истрагата се спроведува со големо внимание и чувствителност.

„Уште еднаш изразувам сочувство до семејствата на нашите граѓани кои ги загубија животите во оваа трагедија, на повредените им посакувам брзо закрепнување и ги упатувам зборовите на поддршка до сите граѓани погодени од пожарот. Се надевам дека таквите несреќа никогаш повеќе нема да се случи“, рече Тунч.

Повеќе држави веќе испратија до турските власти пораки со сочувство за трагедијата.

Од видеата објвени на социјалните мрежи може да се види дека дел од гостите се обиделе да се спасат спуштајќи се со чарчафи од прозорците, а многумина во паника скокале долу од високите катови.

21.01.2025 - 16:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега