Муцунски: Го чуваме македонскиот идентитет и културно наследство

 

Тимчо Муцунски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, имале средба со македонската дијаспора во црквата Св. Никола во Њу Џерси.

-Дијаспората во САД претставува значаен мост за поврзување меѓу граѓаните на двете земји и важен фактор во билатералната соработка. На мое големо задоволство, вчера, заедно со претседателот на Владата, се сретнавме со македонската дијаспора во црквата Св. Никола во Њу Џерси. На средбата ја нагласивме важноста на одржување на цврстите односи со македонските иселеници низ целиот свет, кои претставуваат важен дел од нашето национално ткиво, напиша тој.

Мицунски додаде дека како институција, остануваат силно посветени на унапредување на соработката со дијаспората и на промоција на македонските културни вредности на меѓународната сцена.
- Во оваа насока, новата национална стратегија за соработка со дијаспората за периодот 2025-2030 година е насочена кон нивно активно вклучување во економскиот и културниот развој на државата, истовремено зајакнувајќи ја нивната улога во зачувување на македонскиот идентитет и културно наследство, напиша тој.
23.01.2025 - 08:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега