Врнежлива сабота

 

Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд особено во југоисточните делови од земјава. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот облачноста постапено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од шест до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Утре ќе биде сончево со мала облачност, слаба магла по одделни котлини и со утринска температура од минус три до три и дневна од шест до 14 степени.

Во понеделник умерено облачно со слаб до умерен северен ветер и со утринска температура од минус три до четири и дневна од пет до 13 степени.

 

28.12.2013 - 10:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега