Македонската и српската полиција со заеднички контакт центар на Табановце

На Граничниот премин Табановце денеска ќе биде пуштен во употреба заеднички контакт центар за полициска соработка меѓу Македонија и Србија.

Центарот официјално ќе го пуштат во употреба министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Се очекува овој Центар да придонесе кон подобрување на соработката меѓу македонската и српската полиција, подобрување на протокот на патници и возила и интензивирање на комуникацијата меѓу земјите.

Центарот ќе донесе слободен и сигурен граничен премин и подогинување на ефективноста на полцииските структури, а полициските службеници ќе имаат можност да разменуваат информации и да разрешиваат евентуални спорни ситуации.

Системот на меѓусебна комуникација се базира на Виенската конвенција за полициска соработка на земјите од југоисточен Балкан.

28.12.2013 - 10:19
Фото: 
kumanovonews

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега