ФОТО: Уништено уникатното дрвце кое растеше на карпа во Охрид

Неодговорни лица го уништиле препознатливото дрво кое растеше на карпа на брегот од Охридското Езеро. 

Како што објавува Супер радио, благодарение на неодговорни поединци, веќе го нема дрвцето во Елешец кое беше доказ дека животот победува и во најсуровите услови.

Уникатното дрво беше „мета“ на многу познати фотографи, а се појавуваше и во многу видео спотови снимени во земјава и странство. Дрвцето се појавуваше и на монографиите во кои се претставуваа најголемите убавини на Охрид.

За жал, ова е уште еден доказ дека не знаеме да ги почитуваме убавините кои ја красат Македонија.

28.12.2013 - 11:59
Фото: 
Супер Радио

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа