Две комисии ќе заседаваат во Собрание
Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија.
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат по Предлог на законот за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови и Предлог на законот за изменување на Законот за меѓународна и привремена заштита, и двата во прво читање.
На дневен ред на Законодавно правната комисија се неколку точки - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, Предлог на законот за изменување на Законот за меѓународна и привремена заштита и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, сите во прво читање.
Пред членовите на оваа Комисија е и Барањето за давање на автентично толкување на член 20-а став (4) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" број 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" број 143/19 и 14/20), поднесено од пратениците Блерим Беџети, Скендер Реџепи, Дијана Тоска, Бејџан Иљас, Сали Мурати, Исмаил Јахоски, Илир Хасани, Садула Дураки, Рина Ајдари, Талат Џафери, Елми Азири и Муса Џафери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа