Се огласија родителите на возачот која ја прегази Фросина - негираат дека му го дале возилото на Јованов

 


Родителите на Васил Јованов денеска се појавија на прес-конференција на адвокатот на нивниот син. Тие категорично негираа дека му го дале возилото на своето дете.

Дукоски, адвокатот на Јованов нагласи дека многу невистини се споделуваат во јавноста, што доведува до повици за линч на Јованов, наместо случајот да биде решен преку правниот систем и владеењето на законите. Тој додаде дека се прави обид за воспоставување на принцип „око за око“, кој не води никаде, и апелираше јавноста да се воздржи од неосновани обвиненија и шпекулации.

„Низа т.н. експерти се знаат за постапката, а таа не трае ниту една недела. Вчера беа донесени првите наредби за вештачење, но јавноста беше индоктринирана со нерални и неточни изјави кои доведуваат до јавен гнев и повици за линч на Васил Јованов. Ова не е обид за намалување на тоа што се случило, но потребна е судска постапка, а не со правдата на улицата и протестите“, изјави Дукоски.

07.02.2025 - 14:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега