Николиќ поради Тачи нема да ја поддржи Нобеловата награда за мир за Дачиќ

Претседателот на Србија Николиќ, нема да ја поддржи номинацијата на премиерот Дачиќ за Нобелова награда за мир, поради тоа што тој е номиниаран заедно со косовскиот премиер Хашим Тачи, човек кој е осомничен за воени злсторства против Србите. 

-На меѓународната сцена, од ОН до Советот на Европа, продолжувам да зборувам за злосторствата против Србите во Косово и основаните сомненија дека тие се организирани од Тачи, изјави Николиќ во интервју за весникот „Вечерње новости“.

Тачи бил осомничен како одговорен или за учество во грабнувања, убиства и недозволена трговија со органи на косовски Срби за време на српско-албанскиот вооружен конфликт во Косово на крајот на деведесетите години вели Николиќ.

Според него, номинацијата за Нобеловата награда за мир може да ја запре истрагата против Тачи.

Српското и албанското лоби во американскиот Конгрес испратија писмо до Нобеловиот комитет, номинирајќи ги Ивица Дачиќ, Хашим Тачи и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон за Нобелова награда за мир заради нивниот придонес за постигнатата спогодба за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, со посредничка улога на ЕУ.

Коментирајќи ја веста за номинацијата, Дачиќ шеговито изјави дека повеќе би сакал да биде номиниран за Нобелова награда за мир отколку за Хаг (во трибуналот), додека Тачи изјави дека е почестен од номинацијата, но граѓаните на Косово многу повеќе го заслужуваат ова признание од сите останати

28.12.2013 - 15:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега