Груевски: Догодина повисоки плати, пензии и социјална помош

Нови инвестиции, големи инфраструктурни проекти, зголемување на платите, на пензиите и на социјалната помош. Ова во интервју за Македонската радио-телевизија го најави македонскиот премиер Никола Груевски.

Веќе во март ќе има зголемување на пензиите и на социјалната помош за пет отсто, а во декември и на платите за пет проценти, рече Груевски во новогодишното интервју за МРТ. Тој ги отфрли критиките на опозицијата дека Буџетот за 2014 година е неразвоен. Посочи дека се него е предвидено зголемување на расходите за капитални проекти, што ќе значи и нови инвестиции.

 

Во 2014-та не е планирано зголемување на даноците. Напротив, рече Груевски, намален е данокот на добивка од 10 на 0 за нејзино реинвестирање, а во повеќе сектори ДДВ е намалено од 18 на 5 проценти.

 

Истакна дека има најави од поголем број компании за инвестирање во Македонија, најмногу од секторот автомобилската инсдустрија, во Кичево, во Струга и други места.

 

Премиерот рече дека е подготвена и финансиска конструкција за сите големи инфраструктурни прокети како што се автопатските делници Скопје - Штип и Кичево-Охрис. Изградбата се очекува да почне во втората половина на февруари со финансиска конструкција договорена со партнери од НР Кина.

 

Како голем инфраструктурен проект ја најави и гасификација, која, како што посочи, треба да почне со средства од долгот на поранешниот СССР кон Македонија, а остатокот најверојатно со средства од ЕБРД. 

 

Груевски ги негира и обвинувањата дека Македонија е високо задолжена земја. Напротив, вели, Македонија е една од најлмалку задолжените земји, четврта најмалку задолжена држава во Европа, јавниот долг е 34% од БДП и нема причина за загриженост.

 

- Секое ново задолжување е добро пресметано и нема проблем за враќање на доспеаните обврски, рече претседателот на Владата.

 

Во економскиот дел наведе и дека покрај намалените даноци, Македонија има најниски трошоци за бизнис, а преку потпишаните договори за слободна трговија има пристап до пазар со стотици милиони потрошувачи.

 

Како најголем успех во неговиот премиерски мандат го смета намалувањето на невработеоста од 38 на 28 проценти во, како што рече, тешко време под удар на надворешна економска криза, кога насекаде во соседството, низ Европа и низ светот невработеноста расте.

Како неуспех, пак, го посочи доцнењето на исплатата на плаќањата од буџетот, што со владините мерки беше надминат.

 

 

29.12.2013 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа