Ердоган: САД погрешно ја проценуваат ситуацијата на Блискиот Исток
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека САД прават „погрешни проценки“ за Блискиот Исток, повторно отфрлајќи го планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа кој предвидува иселување на Палестинците.
Ердоган нагласи дека очекува муслиманските земји да се обединат и заеднички да работат на решавање на проблемот со Појасот Газа, иако тоа досега не се случило.
– Мораме да ги надминеме разликите околу ова прашање, истакна тој.
Турскиот претседател додаде дека се залага за обединување на муслиманските земји и околу обновата на Сирија. Тој откри дека за ова прашање разговарал со сирискиот претседател Ахмед Шара за време на неговата посета на Анкара на 4 февруари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа