Драма на Богородица: Автомобилот се барал во Македонија, возачот со документи тврди дека го подигнал од полиција во Грција
Вчера во 18.50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од лицето Б.Ф.(34) од с.Огњанци, општина Петровец, одзеле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рента а кар компанија од тетовско.
Имено, по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото било барано од Полициското одделение Петровец и е предмет на кривично дело по член 239 од Кривичниот законик. Во врска со настанот, Б.Ф. изјавил дека како овластено лице на компанијата го презел возилото од полициска станица во Република Грција за што прилошил и документација на грчки јазик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа