Мицкоски: Чистиот воздух е наше заедничко право
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2025/02/19/mickosk.jpg?itok=bA3pV-hF)
"Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница. Jа поздравувам најголемата донација во земјата од страна на македонската компанија ЕКОТИП во вредност од 1 милион евра". Ова денеска го напиша македонскиот премиер Христијан Мицкоски на својот Фејсбук.
- "Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител Mann+Hummel ќе обезбеди воздух со највисоки медицински стандарди за најранливите категории: Во градинките, училиштата, болниците и другите јавни установи каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење. Оваа иницијатива не само што ќе го подобри квалитетот на воздухот во јавните установи, туку и ќе помогне во креирање на поздраво општество", напиша тој.
Најави и дека продолжува дијалогот со претставниците на германската Mann+Hummel, кои деновиве со тимот на Владата и Екотип ја анализираат можноста за понатамошна соработка со фокус на долгорочни иницијативи и заеднички развојни перспективи.
- "Ваквите примери нека бидат повик за акција, секој придонес, мал или голем, е чекор кон поздраво општество!", заврши Мицкоски.
19.02.2025 - 09:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа