Костовски: Власта сака партиски кадар за обвинител, а не реформа на судството
Организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 во врска со постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, истакна дека тоа не е реформа на судскиот систем, туку упад во правосудниот систем за инсталирање на партиски кадар и послушник на власта.
-Ова не е реформа, туку кршење на демократијата, удирање во чело на уставниот поредок, на поделбата на судска, извршна и законодавна власт, рече Костовски.
Тој нагласи дека и СДСМ не е задоволна од работата на државниот јавен обвинител но начинот на избор на јавен обивнител мора да биде законска.
-Не сме задоволни. Нема покренато постапка за Груби, кривична пријава или прогон за именувањето на Бојан Христовски во АНБ, за неговиот сертификат, за пуштањето на Блерим Рамадани на истиот граничен премин, за сите екскузрии што ги правеше Гаши, со обезбедувањето на скопскиот аеродром, одењето со сватови. Досега нема ништо од Јавното обвинителство, рече Костовски.
Ако не се почитуваат процедурите се врши упад во правосудниот систем за инсталирање на партиски кадар, нешто што е веќе видено, додаде тој.
-Власта веќе има поставено сопруга на градоначалник на ДПМНЕ во Судскиот совет, близок пријател на Меџити во Советот на јавни обвинители. Значи се враќаме назад, во лоши минати времиња, режим, контролирани постапки, уценети судии и јавни обвинители, нагласи организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа