Во казино влегол со цела палета на дроги: Апсење во Центар
На 01.03.2025 во 22.55 часот во Скопје, во казино на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(38) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста бела материја и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
02.03.2025 - 12:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа