Гранд продукција ги објави деталите за погребот на Саша Поповиќ
Гранд продукција објави дека погребот и комеморацијата за продуцентот Саша Поповиќ ќе се одржат во четврток на 6 март.
„Би сакале да ја информираме јавноста дека во четврток, на 6 март, во 10 часот, во главната конгресна сала на Центарот Сава ќе се одржи комеморација на основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ. Истиот ден во 12:00 часот семејството ќе прима сочувство на Бежаниските гробишта во црквата Свети апостол Тома каде во 13:45 часот ќе се одржи миса. Погребот ќе се изврши во 14 часот и 30 минути“, пишува Гранд продукција.
Саша Поповиќ беше еден од најмоќните луѓе во српската естрада. Најмногу е познат преку неговата работа како продуцент, телевизиски водител и поранешен музичар. Почина на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа