Бразилката што ја продава невиноста доби понуда за брак

 

Катарина Миљорини (23), која веќе 15 месеци ја продава својата невиност, сега размислува и дали да ја прифати понудата за брак од арапски богаташ кој за милион ипол долари, освен секс сака и брак со Катарина.  

Првата аукција беше завршена во октомври оваа година, а клиентот кој се идентификуваше како Натс од Јапонија беше подготвен да плати 780.000 долари за секс со Катарина. Иако договорот веќе беше склучен, "Хафингтон пост" објави дека бразилката ја одби понудата на Натс бидејќи тој не одговара на дадениот опис. Поради тоа повторно започна аукција, на која со 440.000 американски долари води Американец со прекар Вајт. Катарина вели дека во меѓувреме добила уште една примамлива понуда за која се уште размислува.  

"Згоден е, интелегентен и многу романтичен, живее во прекрасна вила која ми ја покажа преку камера" вели студентката.

Богаташот чије име и родна земја кои Катарина не сака да ги открива, иако себеси се претставува како напреден муслиман, вели дека не му се доапаѓа тоа што млада жена јавно ја продава својата невиност.

 "Тој ми предложи да се најдеме во Малта, каде јас треба да допатувам заедно со моето семејство. Не знам дали сакам да се омажам бидејќи бракот претставува многу повеќе од пари, доколку меѓу нас се појави хемија нема да се мислам и веднаш ќе му кажам да" вели Катарина.

Бразилката за време на аукцијата истакна дека таа не е проститутка и вети дека 90 отсто од заработувачката ќе бидат за изградба на домови.

 

 

30.12.2013 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега