Се слушнале два дена пред да почине: Цеца откри што и рекол Саша последен пат
Саша Поповиќ беше погребан вчера на Бежанијските гробишта во Белград, а пред да биде погребан, во негова чест беше одржана комеморација во Сава Центар.
Цеца Ражнатовиќ низ солзи проговори за Саша Поповиќ и истакна дека се уште не била свесна дека тој не напуштил.
- Сеуште не, на сите ни е многу тешко и навистина се скршив на комеморацијата. Не знам што да кажам, тоа се некои моменти кои човек треба да ги доживее, да сфати дека никогаш повеќе нема да ја видиме таа личност, да ја гушнеме, да разговараме со неа. Тешко е да се соочиш со фактот дека некој го нема.
Цеца откри дека со него се допишувала само два дена пред неговата смрт, кога тој и докажал колку навистина е нивното пријателство.
Последно што му напишав: „Како си?“, напишав „и дека го сакам“. Ми напиша: „Ти благодарам драга, лошо е“. Тој во тој момент ми одговори на пораката, што значи дека љубовта била вистинска меѓу нас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа