Почина возач на Брза помош кој цел ден превезувал повредени од пожарот во Кочани
Возач на брза помош кој цела ноќ ги превезувал повредените во страотниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, починал утринава. Српски Информер од свои извори дознава дека несреќниот маж починал откако цела вечер помагал да се спасат животи.
Засега не е познат неговиот идентитет ниту повеќе детали.
Досега животот го загубија 59 лица а над 150 се повредени.
Утрово се врши увид пред дискотеката Пулс. Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба.
Инаку, во тек се рочишта за определување притвори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа