ВИДЕО: „Братко чувај ми масичка ќе дојдам" - Македонскиот пејач објави видео од Андреј ДНК

 

Македонскиот пејач, Спасен Силјановски, на својот Фејсбук сподели приватна снимка со Андреј од ДНК кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката "Пулс" во Кочани.

- Ми се јави на телефон и ми вели: Батко Спасен чувајми масичка ќе дојдам вечер на свирка кај тебе….Јас му одговарам: Абе брат шо бараш, нема да ти се допадне. Ти си урбан лик а јас сум фолк тип. Не братко Спасен, ние сме слични, двајцата сме го поминале истиот трнлив пат до успехот. Ти од Кичево, а јас од Дебар, ние мора да се држиме и да се помагаме…Така и бидна, вечерта се појави во ресторанот, го замолив да ни испее нешто од неговиот репертоар. Без двоумење го зеде микрофонот и ги дигна сите на нозе. Е тоа беше тој Андреј. Човек во вистинска смисла на зборот. Другар, искрен, чесен, патриот, хуманитарец. Беше херој и замина како херој, пишува Спасен.

Во пожарот за жал загинаа 59 лица, додека повеќе од 160 се повредени. Дел се лекуваат во Македонија, а дел во регионот и странство.

Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. 

За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.

 

19.03.2025 - 09:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега