Далечинскиот управувач заминува во историјата

 

За престојниот меѓународен саем на потрошувачка електроника CES,технолошкиот гигант Самсунг го најави воведувањето на своите паметни ТВ уреди со кои корисниците ќе можат да разговараат и кои ќе имаат екрани осетливи на допир.  

За потрошувачите на електрониката на саемот CES во 2014 година, кој ќе се одржи во Лас Вегас, Самсунг има подготвено паметни Тв уреди со напредни опции. Воведена е и нова услуга гласовна интеракција, која препознава различни јазици и во моментов е достапна во 11 земји, а во 2014 година ќе биде проширена до 12 нови пазари.

Корисниците ќе можат да ги менуваат програмите на едноставен начин со гласовни команди, изговарајќи го бројот на програмата, да отвораат веб страници или апликации, а имаат и опција за гласовно пребарување.

При пребарување на дневни информации, како што се временска прогноза или спортски резултати, на дното на екранот ќе се појавува нов прозорец.

Освен гласовната интеракција, унапредена е и контролата на допир, при што е воведена команда "движење на прстите" со која корисниците ќе може да ги менуваат програмите, да ја прилагодат јачината на гласот или да пребаруваат.

 

 

31.12.2013 - 09:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега