Во 2013та читателите поминале 202 години на Press24

 

Вкупно 202 години поминале читателите на Press24 во 2013 година, покажува статстиката на Google Analytics. Според бројките, за 12 месеци Press24 го посетиле 3,8 милиони уникатни посетители, кои прегледале 122,7 милиони страници. За 365 дена Press24 може да се пофали со 26,6 милиони посети од кои секоја, во просек читателот го задржувала по 4 минути на нашите страници. Во споредба со 2012 година, во 2013та годината кога прославивме 3 години од основањето, бројот на посетители се зголемил за извонредни 325%.
Како што веќе им е познато на нашите читатели, Press24 и во 2014 останува во врвот меѓу македонските информативни интернет изданија. Во годината што измина, ниту едно интернет издание не може да се пофали со повеќе ексклузивни информации. На овие страници во годината што ги брои последните часови можевте секогаш први да ги прочитате најновите информации од Македонија и светот. Тука ексклузивно се пласираа информациите за најголемите криминални и политички афери, се објавуваа ексклузивни фотграфии од местото на настанот, а нашата редакција се трудеше 24 часа во денот, да бидете информирани но и добро да се забавувате.
За во наредната, 2014 година ветуваме уште поангажирана работа. Најавуваме големо засилување на нашите кадровски но и технички капацитети и секако, она што е најважно, информацијата да ја добивате уште побрзо и ослободена од секакво влијание. 
Пред истекот на оваа година, како редакција сакаме да Вие се заблагодариме Вам, наши почитувани читатели и секако на нашите деловни партнери кои знаеа да го препознаат најдобриот простор за пласман на информациите за сопствените производи.
На сите свои читатели и пријатели, Press24 им посакува најмалку двојно поуспешна 2014 година, најмалку двојно повеќе здравје, љубов, среќа и се разбира пари.

Среќна Нова Година. 

Ваш

31.12.2013 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега