Нокаут вечерва ќе го тресат Куманово

 

 

Кумановци традиционално, деветта година по ред ќе ја пречекаат новата 2014 година на градскиот плоштад.

Од Секторот за култура од општина Куманово информираат дека забавата започнува во 21:30 часот.

-Како и секоја година и оваа се трудиме да обезбедиме групи и пеjачи кои привлекуваат граѓани од сите генерации. Во 21 и 30 часот настапува пејачот Нити. Потоа следува настап на кумановскиот рапер Тајзи до 23 часот, а по него ќе настапи групата „Нокаут", вели раководителот на секторот за култура, Жика Крстевски.

На полноќ, небото над Куманово ќе го осветли традиционалниот огномет, а на присутните ќе им се обрати градоначалникот на општината, Зоран Дамјановски.

Од Општина Куманово ги повикуваат граѓаните заеднички да ја прослават новогодишната ноќ.

За пречекот на Новата година на градскиот плоштад и за сите претходни активности кои вклучија предновогодишна забава за најмладите, пактечиња за ранливи категории граѓани, одвоени се шест илјади евра.

31.12.2013 - 14:03
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега