Честитка од премиерот Мицкоски до претседателот на Евангелско-методистичката црква Емил Заев

 

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до Емил Заев, претседател на Евангелско-методистичката црква, свештенството и сите верници по повод празникот Велигден.

-Во овие свети денови на Велигден, кога го славиме Воскресението на нашиот Спасител, упатувам искрени честитки до Вас и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Македонија. Вашата заедница е пример за духовна посветеност, љубов и служба кон ближниот. Вашиот придонес во градењето на морални вредности и хуманост, како и во поддршката на социјално ранливите, е значаен дел од ткивото на нашето општество, се наведува во честитката.
 
Во време кога многу луѓе се соочуваат со осаменост, сиромаштија и неизвесност, Владата, се додава, ќе продолжи да поддржува политики кои ги афирмираат вредностите на социјална правда, грижа за сиромашните, заштита на достоинството и слободата на секој поединец.

-Во тоа, вашата црква е вистински партнер во создавање на општество со сочувство и солидарност. Нека Воскресението донесе радост, мир и благослов во Вашите срца и домови. Среќен Велигден!, се наведува во честитката од премиерот Христијан Мицкоски. 

20.04.2025 - 11:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега