Пратениците оваа среда со полни раце работа

 

Собранието денеска ќе ги продолжи 41-та и 43-та седница.  

На дневниот ред на 41-та седница се останати ратификациите на Протоколот за изменување и дополнување на Конвенцијата за кривичните дела и некои други акти извршени во воздухоплови, на Протоколот за дополнување на Конвенцијата за сузбивање на незаконито грабнување на воздухоплови, на Конвенција за спречување на незаконски дејствија поврзани со меѓународното цивилно воздухопловство, на Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето за постапка по претставки и на измената на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Софија, на 27 февруари 2001 година и втората измена на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Цавтат, на 4 јуни 2004 година. Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог на закон за изменување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, во прво читање и за Предлог на закон за даночно ослободување со цел реализирање на одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата, по скратена постапка. 

На 43-та седница на дневен ред се Предлог за разрешување и именување на претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, измени на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, измени на законите за употреба на знаковниот јазик, за социјална сигурност за старите лица, за инвалидски организации, за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци, за обележување, уредување и одржување на гробишта и гробови на борците погребани на територија на Република Македонија и во странство, како и на припадниците на странските армии од поранешните војни на територија на Република Македонија, за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна, за правата на прогонуваните и затворaните лица за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и на членовите на нивните семејства, за правата на носителите на Партизанска споменица 1941, на лицата одликувани со Орден на народен херој и на борците од Шпанската националноослободителна и револуционерна војна од 1936 до 1939 година, сите во прво читање. 

Во рамки на 43. седница пратениците треба да ги разгледаат и измените и дополнувањата на Законот за надворешни работи и на Законот за заштита на децата, двата во прво читање. 

23.04.2025 - 08:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега