Локалните избори треба да се распишат кон крај на јули или почеток на август

 

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека кон крајот на јули или почеток на август треба да се распишат локалните избори.

Гаши на брифингот истакна дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29 април се очекува да биде ставена интерпелацијата  за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Причина за интерпелацијата е поради тоа што Тошковски, од позиција на министер за внатрешни работи, грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР, рече пратеникот на Левица, Сашко Јанчев на 14 април кога информираше дека ја поднесуваат интерпелацијата.

24.04.2025 - 11:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега