53-годишна мистерија: Советска сонда лансирана кон Венера наскоро ќе падне на Земјата

 


Советската сонда Космос 482, лансирана кон Венера во март 1972 година, не успеала во мисијата поради дефект при лансирањето и останала заробена во орбитата на Земјата. Сега, 53 години подоцна, се очекува неконтролирано да се врати на Земјата околу 9 или 10 мај, според холандскиот сателитски набљудувач Марко Лангброек.

Делот од сондата што ќе падне е модулот за слетување, специјално дизајниран да издржи густа атмосфера како онаа на Венера. Клучно прашање е дали ќе го преживее влезот во Земјината атмосфера. Космос 482 е сестринска сонда на успешната Венера 8.

Точното време и место на паѓање се уште не се познати, но се претпоставува дека може да падне помеѓу 52° северна и 52° јужна географска ширина. Лангброек и неговиот колега направиле модел на враќање, но сметаат дека падобранот на сондата нема да функционира. Доколку модулот го преживее влезот, се очекува да удри на Земјата со брзина од 65-70 метри во секунда.

29.04.2025 - 08:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега