Мицкоски и Милановиќ разговараа за европската иднина на Македонија
Стабилна, просперитетна и интегрирана Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски по денешниот работниот ручек со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој е во официјална посета на Северна Македонија.
Како што се посочува Мицкоски во објава на Фејсбук, со хрватскиот претседател разговарале за можностите за продлабочување на соработката, како и за важноста на заедничките напори во справувањето со глобалните предизвици.
- Разговорот беше исполнет со искрени ставови, регионални перспективи и заеднички визии за иднината. Потврдена беше поддршката за европската иднина на Македонија и јасната перспектива за членство во Европската унија, наведува Мицкоски.
Милановиќ, кој е во официјална посета на земјава, беше пречекан на скопскиот аеродром од шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, а со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со која имаше средба и заедничка прес-конференција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа