Сообраќајка во Скопје: Еден во болница, еден уапсен

 

На 10.05.2025 во 00:30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(57) од с.Визбегово, скопско.

На 09.05.2025 околу 21:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. и мотоцикл „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(25) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а возачот на патничкото возило „рено“ е лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

10.05.2025 - 10:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега