Пијан кавадарчанец со 2,52 промили алкохол излетал од патот
Вчера во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.Т.(44) од Кавадарци. Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци - Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот.
Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа