Момчето што влечеше куче со автомобил: „Куче како куче, самото скокна"
Момчето кое влечеше куче со својот автомобил во Крива Паланка, за здружението „Happy Paws“ објаснува дека немал намера да го повреди ниту мачи, туку кучето скокнало од прозорец.
- „Кучето беше ставено во бажаникот на колата. Го скокна седиштето и се скина ланчето на него. И рипна од прозорот, бев на кривината, не смеев да застанам. И затоа ја намалив брзината, за да ме видат и заобиколат сите, излегов на пошироко за прегледност, го земав кучето го подигнав и застанав на страна“, вели тој.
Се извини, па на прашањето кој дел е скинат, кога кучето се влече за врвката, тој вели: „Имаше такво едно, поводник, тој го скина тоа“, па потоа рече: „На секој може да му се случи, куче како куче“.
ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Крива Паланка и било утврдено дека сопственик на возилото и кучето е А.А. (23) од Крива Паланка. Со него е извршен службен разговор и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа