ВИДЕО: Запознајте го бебето што се роди во автобус!
Жената која на новогодишното утро се породи во автобус во Белград го роди своето трето дете. Мајката роди девојче долго 51 сантиметар и тешко околу 3 килограми.
Таа утрината околу 8 часот и 30 минути патувала со автобусот кога добила породилни болки.
„Морав да седнам на столот од другата страна. Така започна се“, вели храбрата мајка и додава дека кога започнала да се породува луѓето не и верувале бидејќи стомакот не и се познавал од јакната.
Возачот на автобуст сеуште е во шок и не може да поверува што се случило. Тој бил на линија со докторката која му кажувала што да прави.
Итната помош набргу пристигнала и мајката и здравото бебе биле пренесени во болница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа