Велешани со нож нападнале двајца соселани
Соселани од селото Бузлаково во велешко несогласувањата кои ги имале ги решиле со крвава тепачка, по што завршиле во болница.
Инцидентот се случил синоќа помеѓу четворица жители на велешкото село Бузлаково откако 49-годишниот О.Х. и 19-годишниот Р.Х. од една страна и 18-годишнипт А.Н. и 22-годишниот О.Н. од другата страна започнале расправија поради предност во сообраќајот.
А.Н. и О.Н. во еден момент извадиле нож и им нанеле расекотини на двајцата соселани кои веднаш биле префрлени во болница.