Каргов: Наплатата на царините поголема за 10 проценти
Приходите по основ од царини во Буџетот во првите четири месеци од годинава се за 10 проценти повисоки над планираното и оствареното во минатата година, истакна директорот на Царинската управа Ванчо Каргов.
Каргов денеска одговараше на новинарски прашања на Донаторската конференција на која Државниот комитет за царина на Азербејџан донира техничка опрема за Регионалниот тренинг-центар на Светската царинска организација.
- Царините во првите четири месеци од годинава се наплатени во поголем износ од планираното и оствареното во минатата година. И наплатата на акцизите во овој период е над нивото од минатата година и се движи на ниво над планираното, изјави Каргов.