Австриец претепал продавачка од Куманово - не му дала да ја врати купената облека

 

Вчера во 17 часот во бутикот Стар во Куманово, австриски државјанин нападнал продавчка бидејќи не му дала да ја врати облеката која што ја купил.

Се работи за 24-годишниот А.А. од Австрија кој во бутикот дошол револтиран бидејќи не му било дозволено да врати облека што претходно ја купил, па затоа физички ја нападнал 22-годишната продавачка М.А. од Куманово, а потоа расфрлил дел од кутиите во бутикот.

А.А. е приведен и против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. 

најчитано сега