ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за да дојде на власт слугува и одработува на бугарските интереси
Во својата историја СДС покажа и докажа, дека на власт не може да дојде со изборна програма во која, со понуда за проекти да ја бараат поддршката на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во неколку изборни циклуси СДС влегува со јасна предавничка цел и со лаги и манипулации бара гласови.
Не често ги добива, па така само за да ги реализира мрачните сценарија за државата кои единствено служат на туѓи интереси, СДС на власт доаѓа и со изгубени избори.
Како што беше и примерот на Зоран Заев, кој со изгубени избори дојде на власт за да го премени името, а тој да профитира милиони ограбувајќи ја државата.
По истите овие стапки на Заев, сега тргнал и Венко Филипче, да слугува на туѓи интереси само за да се дограби до власт.
Ова СДС на чело со Филипче, не е ништо друго, освен извршител на бугарската агенда и ги распродава националните интереси.
Ова СДС и Венко Филипче се бугарскиот ас на бугарскиот претседател, Румен Радев во реализацијата на антимакедонското сценарио.
И токму нивното посегнување кон фабрикувани лаги и манипулации како и нападите кон ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски се резултат на нивните одработувања за туѓи сценарија.
Намерата на ваквите оркестрирани и скапо платени со бугарски пари напади е да се ослабне ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, со надеж дека така ќе дојдат на власт и лесно ќе ги распродаваат националните интереси.
Но, народот јасно знае дека ВМРО-ДПМНЕ со претседателот Мицкоски се единствените на браникот на националните и државни интереси.
Нападите на СДС, веројатно, ќе продолжат понатаму и затоа ги повикуваме граѓаните и понатаму будно да ги следат случувањата, зошто сè ќе излезе на виделина и јасно ќе препознаат дека се од ова што кажавме е точно и дека СДС и Филипче единствено се водат од личниот интерес“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа