Прилепчанец тргнал да ограби пошта - му кажале дека нема пари па се откажал

Вчера во 8 часот и 30 минути на улицата Октомвриска во Прилеп, маскиран разбојник влегол во Пошта на АД „Македонски Пошта“, и со закна со пиштол се обидел да изврши разбојништво над вработените.

Откако на крадецот му било кажано дека нема пари, тој се откажал од намерата и се дал во бегство.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

најчитано сега