Битола: Славејќи матура со нож го нападнал сопственикот на ресторанот
18-годишно момче од Битола си заработи кривична поради насилство.
Настанот се случил пред два дена 20 минути по полноќ на улицата „Васко Карангелевски“, во ресторанот Таверна „Ел Амигос“ во Битола каде имало прослава на матура.
Пријавениот со стаклена чаша го удрил сопственикот на објектот, М.К., нанесувајќи му повреда во пределот на лицето, а потоа со нож му се заканувал и предизвикал чувство на страв и несигурност кај присутните.
18-годишното момче си заработи 30 дневен притвор.