Владините мерки отворија 40.000 работни места
Близу 40.000 работни места се отворени во земјава благодарение на само три мерки што ги презема Владата за намалување на невработеноста, вели министерот за финансии Зоран Ставрески во интервју за МИА.
- Отворени се вкупно 39.450 нови работни места. Во слободните економски зони има 4.028 нови вработувања, со активните политики на Агенцијата за вработување преку самовработување се отворени 5.798 работни места, со субвенционирање на работодавачите преку Агенцијата отворени се 4.807 работни места, преку обука за познат работодавач 6.591 нови, преку практикантство 759 вработувања, преку едукација за лични бизниси 1.914, преку кредитната линија за мали средни бизниси од ЕИБ која ја обезбеди Владата 4.907, вели Ставрески за МИА.
Според него решавањето на проблемот со невработеноста Владата го гледа во економскиот раст на земјава и воедно во доаѓањето на странски компании кои се големи генератори на работни места.
На пример, додава, од веќе постоечките инвестиции Џонсон Контролс Скопје имаат најавено 500 вработувања од кои досега имаат реализирано 325, Џонсон Контролс Штип имаат најавено 1.500 од кои досега реализирани се 768, Џонсон Мети 650 најавено – реализирано 448, Кемет електроникс 500 најавено – 177 реализирано, Протек 130 најавено-50 реализирано, Технохозе 170 – 32 реализирано, Ван Хул 500 најавено – 250 реализирано, Кромберг и Шуберт 3.000-792 реализирано, Дрексел Мајер 4.000 најавено од кои 1048 се реализирани, Алајанас Уан 150 најавено од кои 138 се веќе реализирани, Кумал во Штип – 50 најавени работни места, Кофикаб Кавадарци – 150 најавени, Маркарт Велес 500 нови најавени работни места.
Тоа се 11.800 нови работни места од постоечките инвестиции во зоните, од кои 4.028 се веќе реализирани. Како што посочува во текот на 2014 година се очекува влез на околу 20 компании кои ќе креираат неколку илјади работни места.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа