Дојде крајот на Евровизија? - пола Европа се откажа
Дванаесет земји веќе се откажаа од учество во натпреварот за Песна за евровизија „Евросонг 2014“.
Во Копенхаген во мај нема да отпатуваат тимовите на Бугарија, Турција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Словачка, Луксембург, Андора, Монако
Бугарската национална телевизија објави дека нема да учествува од финансиски причини.
Андора, Луксембург и Чешка ќе го пропуштат „Евросонг 2014“ поради недостиг на јавен интерес. Турција е незадоволна од системот на гласање, а Словачка смета дека нема шанси да победи. Од Монако не пројавиле интерес да го обноват учеството на конкурсот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа