Хорор во Непал: Жива запалена сопругата на поранешниот премиер
Антивладини протести во Непал ескалираа во насилство и трагедија откако сопругата на поранешниот премиер Џале Нат Канале загина откако нејзиниот дом беше нападнат и запален. Стотина демонстранти упаднаа во зградата на парламентот, предизвикувајќи хаос и масовно уништување на институциите, а насилството се прошири и на домовите на високи политички лидери во Катманду.
Според извештаи од местото на настанот, демонстрантите убија и тројца полицајци кои претходно се предале и ја запалија зградата на полициската управа. Меѓу целите на насилството беа и домот на актуелниот премиер К. П. Шарма Оли, кој денеска поднесе оставка, како и домовите на министерот за внатрешни работи Рамеш Лека, лидерот на Комунистичката партија Пушпа Камал Дахал, и приватно училиште во сопственост на министерката за надворешни работи Арзу Деуба Рана.
Протестите започнаа вчера, по одлуката на владата на 4 септември да ги блокира социјалните мрежи како Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб. Владата го образложи потегот како реакција на непочитување на прописите, но граѓаните тоа го оценија како ограничување на слободата на говорот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа